Орган за вид

Очите ги примаат светлосните дразби. Тие се нежен орган што е заштитен со черепните коски што ги создаваат ѕидовите на очните празнини и служат како заштита на задниот дел на очното јаболко.

 Околу очите има помошни органи: веѓи, трепки, клепки и солзни жлезди кои имаат заштитна улога, а мускулите служат да го движат окото. Преку окото човекот се поврзува со надворешниот свет.

Окото (оculus) е сетилен орган. Тој е орган за вид кој е сместен во орбитата и се состои од очен нерв, очно јаболко и помошни органи на окото, кое се дели на два дела: очно јаболко (bulbus oculi) и очен нерв (nervus opticus).

Очното јаболко наликува на топка, со предниот поиспапчен дел, локализирано во предниот дел на орбитата. Сагиталниот пречник му изнесува 24мм, а напречниот 23мм. Центрите на обете очни јаболка меѓу себе се оддалечени  56-66мм. Прекршувачката моќ на окото изнесува 60 Dptr, од кои 17Dptr и припаѓаат на леќата и 43Dptr на рожницата. Очното јаболко е составено од ѕид изграден од три обвивки (надворешна, средна и внатрешна) и содржина која ја сочунуваат: предната и задната очна комора со очната водичка, леќата и стаклестото тело.


Обвивките кои го градат ѕидот на очното јаболко се:
1.    
  •      Надворешна или фиброзна обвивка (tunica fibriosa bulbi) која е цврста и ја дава формата на окото. Составена е од два дела преден рожница (cornea) и заден белка (sclera).

2.    
  •         Средна или садовна обвивка (tunica vasculosa bulbi) на која се опишуваат три дела: шареница (iris), цилијарно тело (corpus ciliare) и садовница (choroidea).

3.      
  •       Внатрешна обвивка на очното јаболко. (Tunica interna bulbi) која е составена од два слоја: надворешен пигментен слој (stratum pigmenti) и внатрешен, мрежница (retina).


    Окото претставува рецепторен орган на анализаторот за гледање. Во окото постои рецепторен дел за прием на светлосните дразби (ретината со своите клетки – стапчиња и чунчиња). Во оптичкиот систем на окото, пак, се врши прекршување на светлосните зраци со цел ликот од предметот што се надбљудува, јасно да се формира на ретината.
                                                                                                                                                                                                                                                                                               
     Окото според анатомијата може да се подели на три делови :

  •   Очно јаболко (bulbus oculi) - служи за примање на видните впечатоци, благодарение на проѕирноста на елементите, диоптрискиот систем и присуството на неуроепителни клетки во мрежницата

  •     Видни патишта – тие ја спојуваат мрежницата со видните центри во мозокот каде светлосните дразби се интерпретираат;

  •    Помошни органи (organa oculi accesoria) – имаат улога да го заштитат очното јаболко и да го овозможат нормалното одвивање на сложените функции.

    Коментари