Постови

Орган за вид

Слика
Очите  ги примаат светлосните дразби. Тие се нежен орган што е заштитен со черепните коски што ги создаваат ѕидовите на очните празнини и служат како заштита на задниот дел на очното јаболко.   Околу очите има помошни органи: веѓи, трепки, клепки и солзни жлезди кои имаат заштитна улога, а мускулите служат да го движат окото. Преку окото човекот се поврзува со надворешниот свет. Окото (оculus) е сетилен орган. Тој е орган за вид кој е сместен во орбитата и се состои од очен нерв, очно јаболко и помошни органи на окото, кое  се дели на два дела:  очно јаболко   (bulbus oculi)  и  очен нерв   (nervus opticus). Очното јаболко наликува на топка, со предниот поиспапчен дел, локализирано во предниот дел на орбитата. Сагиталниот пречник му изнесува 24мм, а напречниот 23мм. Центрите на обете очни јаболка меѓу себе се оддалечени  56-66мм. Прекршувачката моќ на окото изнесува 60  Dptr,  од кои 17 Dptr  и припаѓаат на леќат...